македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

Најповолни услови за СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје

 

Со желба да понуди дополнителна вредност и да го олесни решавањето на станбеното прашање, ТТК Банка АД Скопје овозможи уште поповолни и конкурентни услови за станбени кредити.

 

Од 17-ти април Супер станбениот кредит за примателите на плата/пензија во ТТК Банка АД Скопје нуди извонредно ниски фиксни каматни стапки за првите пет години односно 2,85% во првите три години, 3,85% во четвртата и петтата година и 5,85% годишна променлива каматна  стапка за остатокот од периодот на отплата на кредитот. 

 

Покрај атрактивните каматни стапки, СУПЕР станбениот кредит е достапен и со дополнителни олеснувања - 10% сопствено учество, продолжен рок на отплата до 25 години, грејс период до 12 месеци, без трошок за  обработка на барање за кредит, без трошок за процена, без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства, со намален надоместок за одобрување на кредитот во промотивен период до 30.6.2019 година.

 

‘’Големата предност е дека корисниците сега ќе можат да добијат исклучително поволни и прифатливи станбени кредити. Банката е подготвена брзо и ефикасно да одговори на сите заинтересирани граѓани. Интересот за оваа понуда е огромен, а сега е веќе сигурно дека многумина кои се подготвуваат да купат стан или куќа ќе ги препознаат бројните придобивки од нашиот Супер станбен кредит за да го решат тоа важно животно прашање изјави проф. д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

 

Фиксната месечна рата во првите пет години од отплатата на кредитот и промотивните поволности ќе им помогнат на корисниците полесно да ја донесат одлуката за станбен кредит, а дополнително и полесно да управуваат со месечниот буџет во периодот кога имаат дополнителни трошоци за опремување на станот/куќата и кога секоја заштеда е добредојдена.

 

За поволностите на Супер станбен кредит корисниците можат да се информираат во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје како и на Интернет-страницата на Банката на следниот линк: 

Супер станбен кредит 

 

 

*објавено на 17.4.2019 година.


 

Јавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на канцелариски материјал
Јавен повик за учество на XXXI седница на Собранието на ТТК Банка АД Скопје
TTK Банка АД Скопје со одликување/амблем за „People-Oriented Company”
Најповолни услови за СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 30.6.2019 година!

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување