македонски shqip english
Актуелно
Новости
Спонзорства и донации
Настани
Физички лица
Картички
Сметки
Кредити за физички лица
Депозити
Девизни дознаки
Premium пакети
Електронски сервиси на информирање
Правни лица
Бизнис картички
Депозити
Кредити за правни лица
Документарно работење
Платен промет
Денарски Платен Промет
Девизен Платен Промет
Трезорско работење
Апликации
Меѓународен трансфер на пари Moneygram
Менувачко работење
Електронско банкарство
Хартии од вредност
Партнер Програма на ТТК Банка - Попусти за сите корисници на картички!

ТТК Банка добитник на наградата “Лидери на општествена одговорност”

На 27 Мај, во М6 Едукативниот центар во Скопје, свечено беа доделени наградите за “Лидери на општествена одговорност” во организација на Центарот за институционален развој. Наградата за лидери на општествена одговорност се доделува на претпријатија кои својата работа ја темелат на принципите на одговорно делување и се пример за просперитет на бизнисот и позитивни промени во општеството.

Целта на доделувањето на наградите е да промовира позитивни практики на општествено одговорно дејствување и да инспирира на воведување натамошно унапредување на општествена одговорност кај претпријатијата во Македонија.

ТТК Банка во конкуренција на голем број на фирми со различни проекти, ја доби наградата за Лидери на општествена одговорност во категоријата Корпоративна филантропија во категоријата средни претпријатија. Наградата во оваа категорија беше доделена на ТТК Банка за 2009 година, поради сеопфатниот придонес кон подобрување на животот во заедницата поради поддржани иницијативи од големо значење за жителите во оваа заедница.

Во рамките на својата посветеност да биде општествено одговорна институција, ТТК Банка конкурираше за наградата со превземените активности и проекти во текот на 2009 година на полето на културата, спорот и најбитно за активностите кои ги поддржаа најмалите, децата. Комуникацијата за која ТТК банка ја остваруваше како кон јавноста така и кон вработените, придонесува кон промоција на општествената одговорност и придонесува кон развојот и посветеноста на вработените при остварување на целите на банката.

Активната поддршка на ТТК Банка се препознава во разни активности на спонзорства и донации на банката во културата, спортот и образованието, за што Банката ја има добиено Националната Награда за општествено одговорна компанија во Р. Македонија за 2008 година. ТТК Банка аплицираше со проектот “Во поддршка на најмалите” кој го реализираше во неколку етапи во текот на 2008 година.

ТТК Банка ќе продолжи и во иднина да ја следи својата стратегија на општествено одговорна компанија во која се дефинирани вредностите кои ги застапува во своето секојдневно работење: доверба, традиција, ентузијазам, искуство и знаење, иновативност, тимски дух и професионалност.

 

ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ИМОТ

 
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување