македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

 

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 3.4.2020 година, го објавува ова известување:

 

 

Известување за промена на договорните услови

за кредитните производи на правни лица

 

 

ТТК Банка АД Скопје го објавува ова известување за промена на договорни услови за кредитни производи наменети за клиентите- правни лица кои се погодени од Ковид-19 кризата, а со цел зa полесно премостување на негативните ефекти во нивното работење и олеснување на враќањето на кредитните обврски.

 

Ги упатуваме сите клиенти- правни лица кои користат кредитни производи во Банката и кои како резултат на кризата се соочуваат со проблеми во работењето, што може да влијае на редовното враќање на нивните кредитни обврски да се обратат до Дирекцијата за правни лица, во електронска форма на адресата: DirekcijaPravniLica@ttk.com.mk со цел да ја известат Банката за потребата за менување на постојните договорни услови.

 

На сите клиенти- правни лица кои ќе се обратат до Банката ќе им биде побарано да достават пополнет прашалник за утврдување на негативното влијание на економската криза, предизвикана од Ковид-19 врз нивното работење што ќе претставува основa Банката да го разгледа секое поединечно барање за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност, да ја утврди потребата од користење поповолни/прилагодени договорни услови и да достави понуда до правното лице за најсоодветно финансиско решение.

 

Олеснувањата во сервисирањето на обврските во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласувани со секое правно лице поединечно, а ќе вклучуваат одложување, односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на отплатата на кредитот на подолг рок, понуда на кредитни производи за ликвидносни потреби, одобрување на кредитни производи со поповолни услови за затворање на постојните кредитни изложености и друго.

 

 

Со почит,

 

ТТК Банка АД Скопје

 

 

* 3.4.2020 година


 

ТТК Банка АД Скопје со поддршка на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување