македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на

 

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

 

ЈАВЕН  ПОВИК 

ЗА УЧЕСТВО НА XXXV-тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ   

               

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-6390/2 од 30.9.2020 година, XXXV-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 3.11.2020 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието;

2.     Избор на претседавач на Собранието.

 

II.  РАБОТЕН ДЕЛ                                                                      

1.     Разгледување Предлог - одлука за именување членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје;

2.     Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на кандидатите за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

 

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 2.11.2020 година, до 15:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 8.10.2020 година до 15:00, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул.„Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

 

                            Претседател на Надзорен одбор

                                    на ТТК Банка АД Скопје  

                                                   м-р Глигорие Гоговски с.р.

Информации за гласање преку коресподенција

- Предлог - одлука по предложена точка од Дневен ред, од акционерот „Тетекс“ АД Тетово

- Податоци за номинирани кандидати

 

* објавено на 1.10.2020 година. Последна промена направена 6.10.2020 година.


 

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало
Известување за предвремена исплата на пензиите од 27-ми октомври 2020 година
ТТК Банка предупредува на лажно претставување со злоупотреба на името на Банката
Јавен повик за учество на XXXV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 31.12.2020 година
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица
Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување