македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Политика за заштита на приватноста на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје

 

 

ТТК Банка АД Скопје (во натамошниот текст ТТК Банка) ја почитува Вашата приватност и ја заснова својата интернет-страница www.ttk.com.mk на технологии што овозможуваат подобро и побезбедно искуство преку интернет.

 

Во продолжение следат општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата интернет-страница, кога користите некои од нашите производи/услуги преку неа и/или кога ја користите на друг начин.

 

Оваа политика е во согласност со Информациите за заштита на личните податоци од клиентите.

 

Kонтролор на личните податоци

Контролор на личните податоци е ТТК Банка со седиште на ул. „Народен фронт“ бр.19а, Скопје.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Активностите на обработка поврзани со онлајн услугите, достапни преку интернет-страницата на Банката, се извршуваат од страна на Дирекцијата за ИТ одговорна за овие услуги.

Оваа политика за заштита на приватноста се однесува исклучиво на корисниците на интернет-страницата. Доколку на интернет-страницата е содржан линк што ќе Ве поврзе со други интернет-страници, ТТК Банка не презема никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци којашто ја обезбедуваат тие интернет-страници доколку до нив пристапите преку нашата интернет-страница.

 

Чии податоци собираме

Може да собираме податоци поврзани со следниве категории лица: посетители на нашата интернет-страница - www.ttk.com.mk, како и баратели и други физички лица во врска со поднесување информации во вид на мислење на корисник, поплаки, барања/апликации за производи/услуги, општи контакт форми за коментари, барања за спонзорства и донации како и за потребите за вработување коишто се достапни преку интернет-страницата и коишто можат да содржат податоци за идентитетот на подносителот и лични податоци на други вклучени лица.

 

Кои податоци ги собираме од Вас?

Целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци и ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.

Кога ја користите интернет-страницата www.ttk.com.mk како нејзини посетители, Банката може да собира и обработува информации и податоци поврзани со Вас како поединец, Ваша идентификација при користење на производите и услугите на Банката, директно или заедно со дополнителни информации („лични податоци“).

Банката може да ги собере овие информации само кога Вие доброволно ни ги доставувате за конкретни цели и сте согласни да ги обработуваме (на пр. кога барате од Банката да Ве контактира за одредена услуга/производ, електронско банкарство).

Преку интернет-страницата, можно е да се соберат Вашите лични податоци што ги давате на доброволна основа, во зависност од целта како што се, на пример, информации за контакт (пр. Вашето име/презиме, ЕМБГ, адреса за е-пошта, телефонски број и др).

При посетата на нашата интернет-страница www.ttk.com.mk вообичаено собираме податоци за навигација што се користат за анализирање на податоците од посетите на нашата интернет-страница како и за одржување на информатичката безбедност. Нашиот веб-сервер привремено ги регистрира Вашата IP-адреса, уредот од кој пристапувате, Вашиот оперативен систем, видот на пребарувачот, plugins верзија, времето на посета и линкот до посетената страница.

 

Зошто ги обработуваме овие податоци и кои се целите и правната основа на обработката?

Банката може да ги користи Вашите лични податоци собрани преку нејзината интернет-страница за следниве цели:

  • обезбедување поддршка и грижа за корисниците преку овозможување на бараните производи/услуги или разгледување/решавање прашања/проблеми поврзани со користењето на производите и услугите на Банката со цел Банката да може да Ве контактира кога е потребно и да одговори на Вашите барања. Не е потребна согласност за ваквата обработка на податоци, имајќи предвид дека таквата обработка е неопходна за обезбедување на бараните производи/услуги;
  • добивање Ваше мислење во врска со производите и услугите;
  • подобрување на корисничкото искуство преку развој и подобрување на условите на бараниот производ или услуга;
  • разгледување можност за вработување доколку сте аплицирале преку поднесување апликација за вработување во Банката;
  • за анонимни статистички цели на информирање за употребата на нашата интернет-страница коишто не се поврзуваат со податоци идентификувани од индивидуални корисници, со цел да се обезбеди правилно работење на интернет-страницата и да се идентификуваат грешките и/или злоупотребата на интернет-страницата. 

Банката ги обработува собраните податоци, како и податоците добиени врз основа на давање услуги на клиенти и при извршување трансакции со индивидуални клиенти, за целта за која биле дадени, односно за целта за користење на интернет-страницата и овозможување на потребните услуги како и за да Ви обезбедиме информации за производите или услугите што можете да ги користите. Банката може да ги искористи овие информации за да овозможи поефикасна поддршка на клиентите.

 

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата интернет-страница, вклучувајќи ги овде и контакт формите, барања/апликации;
  • преку нашата е-пошта: ttk@ttk.com.mk;
  • преку објавените адреси;
  • по факс;
  • кога личните податоци се дадени усно. 

Категории корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци што се прибираат преку интернет-страницата на ТТК Банка, се извршуваат од страна на вработените одговорни за извршување на соодветните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата интернет-страница, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање даватели на услуги ангажирани од страна на Банката како обработувачи со што тие ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Банката и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа. 

Кој ќе има пристап до Вашите лични податоци?

TTK Банка не го продава, изнајмува или позајмува списокот на корисници на нејзините страници на трети лица. Покрај обврската за чување на доверливост, Банката може да споделува податоци со сигурни партнери за одредени цели: статистичка анализа, обезбедување поддршка од клиенти, организација на испорака или слични потреби.

Личните податоци не се пренесуваат надвор од територијата на Република Северна Македонија.

 

Кои се Вашите права и како можете да ги остварите?

Со оваа политика Банката Ве известува дека имате право да бидете информирани за обработката на личните податоци, право на пристап до сите лични податоци, како и на нивно дополнување, измена, бришење, право на ограничување или запирање на обработката на личните податоци како и право на приговор.

Доколку сакате да направите ажурирање на сите Ваши лични податоци или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка, за дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на следната е-пошта: oficerzlp@ttk.com.mk.

ТТК Банка гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Во секој момент Вие имате право да побарате од ТТК Банка:

  • право на пристап право да поднесете барање за пристап до Вашите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за Вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
  • право на исправка – доколку откриете дека Вашите лични податоци што ги обработува ТТК Банка не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
  • право на бришење – право да побарате од ТТК Банка да ги избрише Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
  • право на ограничување на обработката – право да побарате ТТК Банка да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
  • право на преносливост на податоците – право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од ТТК Банка;
  • право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон;
  • право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување;
  • право на жалба до надзорниот орган  доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на ТТК Банка не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци. 

Во врска со правото на пристап и правото за бришење, се применуваат одредени ограничувања во согласност со Законот за банки, Законот за архивско работење, Законот за заштита на лични податоци, Законот за даночна постапка и Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

 

Безбедност на Вашите лични податоци

Интернет-страницата ги штити Вашите лични податоци од неовластен пристап, употреба или откривање. Податоците за компјутерските сервери се чуваат во контролирана, безбедна околина заштитена од неовластен пристап, злоупотреба или откривање.

 

Рок на чување на Вашите лични податоци

Банката ги задржува Вашите лични податоци само онолку долго колку што е потребно за да се исполни одредена цел како и во согласност со законските прописи. Сепак, податоците ќе бидат задржани подолго ако треба да се справиме со какви било поплаки во врска со обезбедените услуги или ако треба да ги заштитиме интересите на Банката во врска со потенцијалната одговорност поврзана со обезбедувањето услуги.

 

Контакт информации

Доколку сакате да ги остварите Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци или доколку имате дополнителни прашања во врска со оваа политика, можете да ни се обратите на адресата:

 

ТТК Банка АД Скопје

ул. „Народен фронт“ бр. 19а

1000 Скопје

за Офицерот за заштита на лични податоци

 

или

 

на електронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци: oficerzlp@ttk.com.mk.


За да можеме да Ви го дадеме потребниот одговор, Ве молиме да ги наведете следниве информации:

  • име на интернет-страницата на којашто се повикувате;
  • Ваша врска и интеракција со нас; и
  • опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас. 

Промена на политиката за приватност

Политиката за заштита на приватноста на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

 

* објавено на 24.8.2021 година


 

Известување за неработен ден – 11-ти октомври 2021 година (понеделник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти октомври 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2021 година
ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 6-ти септември 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 31-ви август 2021 година
ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален или без надоместок за одобрување во промотивен период)
Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување