 |
|
 |
|
|
|
|
ТТК Банка во соработка со CS Global ви нуди можност да присуствувате на есенската генерацијата на стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси, преку аплицирање за Индекс кредит за школување на ТТК Банка. |
На 18 август 2010 год, ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Неготино, со што ја прошири својата мрежа на вкупно 8 филијали и 21 експозитури низ територијата на Република Македонија. |
ТТК Банка во правец на својата посветеност на поддршка на културното наследство, ја најавува својата поддршка на 50-то по ред издание на фестивалот “Охридско Лето 2010„ кој започна на 12.07.2010 (понеделник) и ќе се одржува во текот на летото, односно до 20.08.2010. |
На 27 Мај, во М6 Едукативниот центар во Скопје, свечено беа доделени наградите за “Лидери на општествена одговорност” во организација на Центарот за институционален развој. Наградата за лидери на општествена одговорност се доделува на претпријатија кои својата работа ја темелат на принципите на одговорно делување и се пример за просперитет на бизнисот и позитивни промени во општеството. |
Адинг А.Д. Скопје, Гемак Трејд, Инет, КПМГ Македонија Д.О.О. Скопје, Македонски Телеком А.Д. – Скопје и ТТК Банка А.Д. Скопје на 26 мај 2010 во Инфо Центарот на Европска Унија го засноваа БИЗНИС ЛИДЕРСКИОТ ФОРУМ на МАКЕДОНИЈА. |
На 29 и 30 Мај 2010, традиционално се одржа манифестација “Титов Врв 2010” во организација на планинарскиот клуб “Љуботен” од Тетово. |
Од 15 до 16 Април во Александар Палас се одржа првата “Балканска конференција на педијатрии” во организација на македонското Здружение на Педијатри и Клиниката за педијатрија. ТТК Банка како општествено одговорна компанија го подржа настанот и започна цврста соработка и пријателство со здравствениот сектор во Р. Македонија.  |
Со цел уште повеќе да се доближи до корисниците, да понуди побрз и поефикасен пристап до услугите на банката, како и поефикасно да одговори на барањата и финансиските прашања на истите, ТТК Банка почна да работи на нова локација во просториите на АСУЦ “Боро Петрушевски”, во Скопје, на Бул. Александар Македонски бр 26, б. |
Од Февруари 2010 год, ТТК Банка го проширува своето портфолио на производи и услуги, сo воведување на нови и атрактивни кредитни производи како и подобрување на условите за постоечките производи. |
Почнувајќи од 01.02.2010 год, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредити за население за досега најголем процент. ТТК Банка изврши промена и на каматните стапки на депозитни производи за правни лица и за население.  |
“Глобална недела на Претприемништво” претставува глобалeн настан за промоција и поддршка на претприемачите кој традиционално се одржува секоја година на повеќе локации во земјата. |
На годинешното 39 по ред издание, ТТК Банка во рамките на проектот "Во поддршка на најмладите" ги подржа младите славејчиња. |
По повод Денот на Штедењето, во неколку града низ Р. Македонија се одржа посета на експозитурите на ТТК Банка од страна на неколку детски градинки.  |
Со големо задоволство Ви ја најавуваме Партнер Програмата, подготвена само за корисниците на дебитните и кредитните картички на ТТК Банка АД Скопје! |
Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата, кое работи во рамките на економско-социјалниот совет на Владата, при Министерството за Економија на Р. Македонија, свечено ги додели Националните награди за општествена одговорност на претпријатијата за 2008 година. |
На 18.05.2009 год. во Музеј на град Скопје, традиционално се одржа доделувањето на "Награди за филантропија 2008" во организација на Центарот за инситуционален развој (ЦИРА). |
Со Партнер програмата на ТТК – ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ, Бенефиции за најмалите штедачи!  |
|
 |
 |
|
 |
|
 |