македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавностСоопштенија за јавност 2020
Искористете ја промотивната понуда на VISA и dm маркетите, при купување со VISA картичките на ТТК Банка АД Скопје! Со сметка во износ од 2.000 денари или повеќе, добивате вредносен ваучер од 500 денари.

Со важност од 4.5.2020 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физичките и правните лица.
Ве известуваме дека Одборот на директори на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, на седницата одржана на ден 15.4.2020 година, донесе Одлука за котација на долгорочните должничките хартии од вредност – корпоративна обврзница од втора емисија издадени од ТТК Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.
Со цел да овозможи полесно надминување на финансиските потешкотии со кои се соочуваат клиентите поради кризата предизвикана од корона вирусот и со цел да го олесни враќањето на кредитните изложености, ТТК Банка АД Скопје објавува ЈАВНА ПОНУДА број 15-2684/1 од 1.4.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица.
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека, врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на РСМ („Сл. весник на РСМ“ бр. 79 од 26.3.2020 година), одржувањето на Собранието на акционери на Банката закажано за ден 31.3.2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба.По завршување на вонредната состојба, ТТК Банка АД Скопје ќе објави нов датум на одржување, односно продолжување на закажаното Годишно собрание на акционери.
Ве известуваме дека TTK Банка АД Скопје овозможи пензијата за месец март да биде на располагање почнувајќи од 26 март 2020 година, четврток, за сите пензионери кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Ве информираме дека во периодот од 19.3.2020 година до 30.4.2020 година ТТК Банка АД Скопје овозможува целосно бесплатно електронско E-bank и мобилно M-bank  банкарство за физички лица. 
Акционерот може да гласа преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање преку кореспонденција.
Во согласност со актуелната состојба и преземање активности за превенција и заштита од неконтролирано ширење на корона вирусот (COVID-19) Ве информираме дека експозитурата на ТТК Банка АД Скопје во Дебар времено нема да работи.
"Со оглед на тоа што готовината се смета за еден од честите канали за пренос на инфекцијата, а заради превенција од евентуално пренесување на заразата, повторно апелираме да се намали употребата на готовина, а да се зголеми употребата на платежните картички и останатите алтернативни, електронски начини на извршување на трансакциите."
Ве информираме дека Во услови на засилени мерки за заштита од ширење на Ковид -19 во земјата ТТК Банка АД Скопје продолжува непречено со работа и со извршување на клучните функции со што нашите услуги остануваат и понатаму достапни на граѓаните и на правните лица.
Го споделуваме соопштението од Македонска банкарска асоцијација, поврзано со мерките за спречување на ширењето на COVID-19 во Македонија:
Во согласност со најновата Одлука на Владата за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, а со цел овозможување на непречен пристап до готовина Ве информираме дека подигнувањето на готовината од Visa дебитните и кредитни картички издадени од ТТК Банка АД Скопје почнувајќи од денес ќе можете да го вршите и на најблискиот достапен банкомат на друга банка на територијата на град Дебар. Провизијата за подигнување на готовина од банкомат на друга банка ќе биде надоместена од страна на ТТК Банка АД Скопје.
ТТК Банка АД Скопје во согласност со интерните акти на Банката и позитивните законски прописи објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач на осигурителни услуги за осигурување на градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, согласно дадена спецификација.
Во врска со препораките од Владата, во интерес на јавното здравје и преземање мерки и активности за превенција и заштита од ширење на корона вирусот, Ве советуваме:
СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!
СЕГА Е ЛЕСНО, со хипотекарниот кредит на ТТК Банка АД Скопје со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години достапен со намален надоместок за одобрување до 31.3.2020 година!
ТТК Банка АД Скопје на ден 14.2.2020 година ја регистрираше во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје втората емисија на долгорочни должнички хартии од вредност - корпоративна обврзница – 1.500 корпоративни обврзници по номинална вредност од 1.000 ЕУР и вкупна номинална вредност од 1.500.000 ЕУР, односно 92.477.396,00 денари.
ТТК Банка АД Скопје брзо и успешно ја реализираше втората емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници.
Издавачот ТТК Банка АД Скопје известува дека на ден 11.2.2020 година заврши втората емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда.
Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста ТТК Банка АД Скопје известува дека Тетекс АД Тетово, како најголем акционер на ТТК Банка АД Скопје не престанува со работа. Одлуката за престанок на производството на тешка конфекција пренесена и преку официјалното соопштение на Тетекс АД Тетово преку Македонска берза, е донесена во насока на рационализација и одржување на позитивното работење на компанијата како и со цел заштита на правата и интересите на акционерите.
ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за потрошувачки, хипотекарни и станбени кредити до 31 март 2020 година. Во рамките на промотивната понуда, корисниците можат да аплицираат за кредитите со намалени трошоци за одобрување, односно без трошоци за процена за кредитите обезбедени со хипотека на недвижен имот.
ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда за штедење во денари и евра на 15 месеци со фиксни каматни стапки, во рамките на производот ПРОМО ФИКС 15 наменет за физички лица.
Со важност од 1.2.2020 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити во евра на физичките лица.
Искористете ја промотивната понуда на ПРОМО ФИКС 15 депозити за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари и евра на 15 месеци, во промотивен период до 31.3.2020 година.
Јавен повик за избор на клипинг агенција
Во прилог следи потребната документација во врска со јавната понуда за продажба на долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) втора емисија на ТТК Банка АД Скопје:
Ве известуваме дека услугите на експозитуратна ТТК Банка АД Скопје на бул. „Партизански одреди" бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можете да ги користите заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе Ви бидат достапни на истата локација. 
Ве известуваме дека од 23.1.2020 година банкоматот на ТТК Банка АД Скопје во градот Пробиштип е поставен на нова локација во рамки на хотелот „Сан Нико“ на ул. „Јордан Стојанов“ бр. 2, Пробиштип.
Во согласност со Одлуката за издавање долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент по пат на јавна понуда – корпоративна обврзница (втора емисија) донесена на Собранието на ТТК Банка АД Скопје одржано на ден 5.11.2019 година, а врз основа на Решението за давање одобрение за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда заверена под УП1 број 10-91 од 27.12.2019 година како и врз основа на Решение за давање одобрение за измени на Проспектот за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда – втора емисија на обврзници заведена под број УП1 број 10-2 од 20.1.2020 година издадени од страна на Комисијата за хартии од вредност на РСМ,
Врз основа на член 19 став 2 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ја прекинува јавната понуда за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност – втора емисија на корпоративна обврзница објавена во дневниот весник „Вечер“ на ден 9.1.2020 година, поради измени во Проспектот во точка 13.5. Правни постапки
Во прилог следи потребната документација во врска со јавната понуда за продажба на долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) втора емисија на ТТК Банка АД Скопје:
Со важност од 1.1.2020 година каматните стапки на дел од потрошувачките кредити,  се намалуваат до 0,22 процентни поени, а во согласност со промената на висината на Националната референтна каматна стапка НРС  и на максималната законска каматна стапка.


 

ТТК Банка АД Скопје со поддршка на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
ТТК Банка донираше компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти август
Известување за предвремена исплата на јулски пензии од 28-ми јули 2020 година
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
Јавен повик за учество на XXXIV седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување