македонски shqip english
Актуелно
Новости
Спонзорства и донации
Настани
Физички лица
Картички
Сметки
Кредити за физички лица
Депозити
Девизни дознаки
Premium пакети
Електронски сервиси на информирање
Правни лица
Бизнис картички
Депозити
Кредити за правни лица
Документарно работење
Платен промет
Денарски Платен Промет
Девизен Платен Промет
Трезорско работење
Апликации
Меѓународен трансфер на пари Moneygram
Менувачко работење
Електронско банкарство
Хартии од вредност
Партнер Програма на ТТК Банка - Попусти за сите корисници на картички!

ТТК Банка една од основачите на Првиот Лидерски Форум во Р. Македонија

Адинг А.Д. Скопје, Гемак Трејд, Инет, КПМГ Македонија Д.О.О. Скопје, Македонски Телеком А.Д. – Скопје и ТТК Банка А.Д. Скопје на 26 мај 2010 во Инфо Центарот на Европска Унија го засноваа БИЗНИС ЛИДЕРСКИОТ ФОРУМ на МАКЕДОНИЈА.

Шесте претпријатија потпишаа Меморандум за разбирање со кој доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот.

 

БИЗНИС ЛИДЕРСКИОТ ФОРУМ на МАКЕДОНИЈА е платформа која ги здружува малите, средните и големите претпријатија, во кои бизнисот се води на одговорен начин. Во рамките на Бизнис Лидерскиот Форум, претпријатијата-членки ќе добиваат целосна поддршка при процесите на планирање, спроведување, проценување и подобрување  на активностите за општествено одговорно работење. Целта е да се поттикне одржлив раст на бизнисот што ќе го зголеми профитот на претпријатието, а истовремено ќе генерира и позитивни економски, социјални и еколошки ефекти за развој на општеството во целост.  

Администратор на платформата е Центарот за Институционален Развој. Секое претпријатие кое ќе се согласи да ги применува принципите на Бизнис Лидерскиот Форум може да стане негов член.

Бизнис Лидерскиот Форум е прва иницијатива за здружување на бизнис секторот во насока на понатамошно унапредување на општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија. Како иницијатива, постои во над 90 земји во светот и за прв пат е промовирана од страна на НКВ Принцот Чарлс во 1990 година и група на бизнис лидери.  Македонија е една од ретките земји каде до сега не постоеше платформа за соработка помеѓу бизнис секторот со цел постигнување на симбиоза помеѓу профитабилноста и одговорноста на компаниите кон сите актери што се засегнати од нивното делување: вработени, клиенти, добавувачи, акционери и останати партнери, но и животната средина и општеството/заедницата во целост.

Неговата Екселенција Ерван Фуере, специјален претставник на ЕУ и Шеф на Делегацијата на Европската Унија беше домаќин на Церемонијата за инаугурација на Бизнис Лидерскиот Форум.

 

ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ИМОТ

 
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување