македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/2020  и 116/2020) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80/2020 и 125/2020), а со цел надминување на економските последици од пандемијата на Covid-19 вирусот, ТТК Банка АД Скопје на ден 4.9.2020 година, ја објавува следната:

 

 

Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица

 

Јавната понуда се однесува на физички лица, кредитокорисници во ТТК Банка АД Скопје, кои имаат активни кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29.2.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во ТТК Банка АД Скопје кои имаат кредитна изложеност која што е одобрена во период од 1.3.2020 до 24.3.2020 година, кои се финансиски погодени од пандемијата на Covid-19 вирусот и кои исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:

 

  • намалени месечни примања над 10% во периодот на ковид-кризата споредено со месеците пред ковид-кризата;
  • отсуство или нередовни месечни примања во периодот на ковид-кризата;
  • престанок на работен однос во периодот на ковид-кризата;
  • зголемени трошоци за лекување предизвикани од ковид-кризата;
  • најмалку една од горенаведените причини која се однесува на поврзаното/ите лица со кредитокорисникот и/или на ко-кредитобарател/ите.

 

Карактеристики на понудата за кредити:

  • Oдложување на плаќањето на месечните ануитети и провизии по кредитот за период од 6 (шест) месеци, од октомври 2020 година до март 2021 година;
  • Пролонгирање на крајниотрок на отплата на кредитите за 6 (шест) месеци;
  • Во периодот на одложување Банката ќе пресметува редовна камата во согласност со важечките каматни стапки. По истекот на периодот на одложување од 6 (шест) месеци, пресметаната камата со останатите обврски во согласност со Договорот за кредит рамномерно ќе се распоредат за наплата во согласност со новиот амортизационен план кој ќе важи од април 2021 година.

 

Карактеристики на понудата за кредитни картички:

  • Одложување на отплатата на месечните обврски за период од 6 (шест) месеци, до 31.3.2021 година. Во овој период, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот;
  • За времетраење на периодот на одложена наплата, Банката ќе пресметува редовна камата, провизии и членарини во согласност со одредбите предвидени во Договорот за користење на кредитна картичка, но во овој период истите нема да ги наплаќа. Наплатата на камата, провизии и членарини пресметани во периодот на одложена наплата ќе се изврши по 31.3.2021 година;
  • Сите уплати на сметката на кредитната картичка извршени во периодот на одложување, ќе се евидентираат како приливи на сметката и ќе бидат на располагање на корисникот за користење со картичката.

 

Карактеристики на понудата за дозволено пречекорување на трансакциска сметка:

  • Автоматско обновување на одобрениот износ на дозволеното пречекорување чиј рок на важност истекува до 31.3.2021 година при што одобрениот износ останува непроменет без разлика дали на сметката пристигнува редовен месечен прилив и со примена на редовните одредби предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување;
  • Во периодот од 1.10.2020 до 31.3.2021 година, Банката ќе пресметува и наплатува камата и надоместоци во согласност со одредбите предвидени во Договорот за дозволено пречекорување.

 

Појаснувања за сите кредитни изложености:

  • За време на периодот на одложување имате право самостојно да вршите уплати на кредитна партија при што:

- за кредитна партија којашто нема доспеани обврски: Сите уплати на кредитната партија извршени во периодот на одложување ќе се евидентираат како примени аванси во тек на грејс периодот. Во март 2021 година, сите примени аванси на кредитната партија, кумулативно ќе се евидентираат како уплата за намалување на недоспеана главница и без доставување писмено барање од страна на корисникот на кредитот ќе се направи намалување на кредитното салдо;

 

- за кредитна партија којашто има доспеани обврски: Сите уплати на кредитната партија извршени во периодот на одложување ќе  се евидентираат за затворање на доспеаните обврски по редослед и во рок предвиден во Договорот за кредит. За уплатите што ќе следуваат по затворањето на доспеаните обврски, ќе се постапува како за уплата на кредитна партија којашто нема доспеани обврски.

  • Доколку клиентот користи повеќе кредитни производи истиот се стекнува со право за одложување на обврските за секој производ;
  • Во периодот од 1.10.2020 година до 31.3.2021 година, односно за време на периодот на одложувањето на плаќањето на кредитните обврски трајните налози за наплата на кредитните обврски ќе бидат ставени во мирување (ќе се  деактивираат) освен за клиентите коишто ќе ја информираат Банката дека нема да ја прифатат оваа понуда;
  • Доколку Вашиот кредит се отплатува со административна забрана, Ве молиме да го известите Вашиот работодавач за одложувањето на отплатата, односно за прифаќањето на оваа понуда и дека за време на периодот на одложувањето истата треба да ја стави во мирување.

 

Со објавувањето на оваа Понуда на интерент-страницата на Банката, се смета дека Понудата е доставена до сите физички лица - корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници,  на денот на објавувањето.

 

Сите физички лица - корисници на кредитни производи, солидарни должници и заложни должници кои ги исполнуваат условите на оваа Понуда, а кои сакаат да го одложат плаќањето на обврските по кредитните изложености, имаат право, во рок од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, односно најдоцна до 14.9.2020 година да ја ПРИФАТАТ Понудата со известување до Банката по електронски или писмен пат, а во спротивно ќе се смета дека Понудата не е прифатена. Доколку физичкото лице има повеќе кредитни производи и/или партии во Банката, има право поединечно да одлучи да ја ПРИФАТИ понудата за секој производ и/или партија и потребно е да го наведе секој поединечен производ и партија за кој/која ја прифаќа Понудата.

 

Физичките лица - корисници на кредитни производи, солидарни должници и заложни должници кои во предвидениот рок нема да се изјаснат, ќе се смета дека понудата ја одбиваат и продолжуваат со редовна отплата на кредитните обврски.

Банката нуди можност за електронско или писмено известување за прифаќање на понудата.

 

При прифаќањето на понудата преку електронско известување за одредени клиенти кои не се опфатени во евиденцијата на Банката дека исполнуваат некој од утврдените критериуми, Банката ќе го извести клиентот преку е-пошта или смс порака за задолжително приложување на соодветна документација како доказ за исполнување на некој од критериумите со што ќе се смета дека понудата е прифатена.

 

При прифаќање на понудата преку писмено известување задолжително е клиентот да достави Известување за прифаќање на Јавната понуда со соодветна документација (наведена во Известувањето како и останата документација на барање на Банката) како доказ за исполнување на некој од критериумите.

 

Линкот за електронско известување како и образецот за писмено известување за прифаќање на понудата се достапни на интернет-страницата на Банката.

 

Со прифаќањето на понудата, на 14.9.2020 година сите услови од оваа Понуда стануваат договорни одредби кои се составен дел на склучените договори со физичките лица- корисници на кредитни производи, солидарните должници и заложните должници.

 

По истекот на горенаведениот рок на Понудата, правното дејство на изменетите услови од договорите за кредитна изложеност ќе важи и за целокупната договорна придружна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски-невладетелски, меници, гаранции, договори за осигурување/полиси за осигурување, договори за пристапување кон долг, и останати договори за било какво друго обезбедување) и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постојните договори, нотарските исправи и останатите инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги.

 

Прифаќањето на Понудата претпоставува кумулативно прифаќање на сите наведени услови по секој поединечен продукт.

 

Договорните одредби од постоечките договори, кои не се предмет на промена со оваа Понуда, остануваат во важност.

 

Корисниците кои ќе ја прифатат Понудата можат да продолжат со редовна отплата на обврските за кредитни производи и пред истекот на периодот од предложените 6 (шест) месеци врз основа на доставено барање до Банката по електронски пат на следната е- адреса:  covid19@ttk.com.mk .

 

ВАЖНА НАПОМЕНА:

 

Физичките лица кои ја ПРИФАЌААТ Понудата испраќаат известување до Банката и договорните услови се сметаат за променети во согласност со оваа Понуда на 14.9.2020 година.

 

Известување се испраќа преку ЕДЕН од понудените начини за известување наведени во продолжение:


 

А.        Директно известување по електронски пат со пополнување на ОБРАЗЕЦОТ.

Линкот Ве води до готов образец за известување во кој треба да го пополните бројот на трансакциска сметка (15 цифри) и последните 6 цифри од Вашиот ЕМБГ. По внесување на истите и верификација во базата на Банката потребно е да ја изберете кредитната изложеност со означување на онаа за која ја ПРИФАЌАТЕ Понудата. Дополнително, покрај изборот треба да внесете и број на мобилен телефон и електронска адреса за евентуална идна комуникација. До крајниот рок на Понудата можете да го промените мислењето и да направите нов избор, со повторно пополнување на образецот.


ИЛИ

 

 

Б.       Писмено известување со испраќање на Известување за прифаќање на Јавната понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година со соодветна документација за причината за одложувањето наведена во Известувањето (на е-адресата covid19@ttk.com.mk, до Архивата на Банката, експозитурите/филијалите, по пошта):

 

До Архивата на Банката: ул. „Народен Фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје, со назнака „Прифаќање на Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година“.

 

Сите известувања во писмена форма, што ќе бидат примени во архивата на Банката на горенаведената адреса, доставени на е-адресата covid19@ttk.com.mk, до експозитурите/филијалите или испратени по пошта со поштенски печат на ковертот во рокот додека важи Понудата, 14.9.2020 година, ќе бидат прифатени во согласност со важноста на Понудата.

 

 

 Датум на Јавната понуда: 4.9.2020 година


 

Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за шалтер Тетово Палма мол
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво
Можност за купување македонски акции без трошоци преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорски ден“ на 18 септември
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица
Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 30.9.2020 година
Голем интерес за првата корпоративна обврзница со гарантиран принос на ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје со понуда за примателите на плата и пензија во Еуростандард Банка АД Скопје
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување