македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Соопштенија за јавност 2017

Промотивен девизен депозит во евра со рочност на 15 месеци

 

Искористете ја најновата промотивна понуда на девизен депозит за физички лица со атрактивна каматна стапка за штедење во евра на 15 месеци. ЕВРО ФИКС 15 депозитот ви нуди фиксна каматна стапка од 1,5% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата.

 

Корисници

· Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица;

· Полнолетно деловно способно лице лично;

· Полнолетно лице без деловна способност со законски застапник;

· Малолетно лице со родител, деловно способно лице, како законски застапник.

 

Валута

· ЕУР.

 

Период на орочување

· 15  месеци.

 

Каматна стапка

Девизен депозит во евра со рочност на 15 месеци

1,50% годишна фиксна каматна стапка

 

Пресметка на камата

· Пресметката на каматата на средствата се врши месечно по пропорционална метода со месечна исплата или припис. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог.

 

Други услови

Со штедната книшка може да располага:

· сопственикот или ополномоштено лице од страна на сопственикот;

· законскиот застапник за малолетно лице до негова 18-годишна возраст;

· законскиот застапник на лицето-сопственик.

 

Потребни документи

· Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за физички лица;

· Пасош за физички лица.

 

Друго

· Во штедната книшка се евидентираат сите промени што се вршат од страна на корисникот;

· Исполнетите или оштетените книшки се заменуваат со нови, додека за изгубените и уништените се отвораат книшки со нов број;

· За секој депозит се потпишува договор во кој се наведени условите за штедење и каматната стапка;

· Кај малолетни лица при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените;

· Со штедниот влог располага законски застапник до полнолетство на вложувачот со што автоматски му се пренесува правото за располагање со влогот;

· За малолетни лица над 14 години законскиот застапник може да потпише изјава за дозвола за располагање со штедниот влог, и тоа пред работникот во Банката;

· Само сопственикот, односно законскиот застапник може писмено да побара раскинување на договорот и затворање на штедниот влог, и тоа 7 дена порано;

· Сопственикот може да овласти и други лица за располагање со штедниот влог.

 

Тајност

· Податоците за депозитите се деловна тајна.

 

Сигурност

· Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обесштетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.

 


 

Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година
Известување за предвремена исплата на мајски пензии
ТТК Банка АД Скопје со нови промотивни депозити за штедачите - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за работното време на експозитурите на ТТК Банка АД Скопје - Автокоманда и Куманово 1
Оглас за вработување - Брокер
Известување за работното време на шалтерот во т.ц. „Палма Мол“ во Тетово
Известување за промена на работното време на експозитурите од 11.5.2020 година
Известување за исплата на паричните права од социјална заштита од 4-ти мај
ТТК Банка ја продолжи поволноста за бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 31.5.2020 година
Известување за неработен ден – 1 мај 2020 година (петок)
Препораки во врска со исплатата на априлските пензии
Известување за котација на втора емисија на корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје
Известување зa исплата на априлски пензии
Известување за работата на експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје за време на Велигденските празници
Известување за промена на работно време на експозитурата на ТТК Банка во Дебар
Известување за променa на работното време на експозитурите од 9.4.2020 година
Одлуки донесени на XXXIII седница на Собранието на акционери
Известување за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица
Известување до акционерите на ТТК Банка АД Скопје
Известување за понудата за одложување на плаќањето на кредитните обврски на клиентите - физички лица
ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување