Корисници |
· Вработени лица, деловноспособни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката; пензионери.
· Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија преку ТТК Банка. |
Критериуми |
· Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
· Во кредитот не може да се вклучат ко-кредитобаратели.
· Банката одобрува кредити на физички лица кои се кредитоспособни и кои се:
- во редовен работен однос, со минимален износ на месечни примања од 9.000 денари остварени во Р. Македонија и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 67 години;
- пензионери кои примаат пензија од ПИОМ, со минимален износ на месечни примања од 8.500 денари и кои на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години.
· Минимален износ на месечен ануитет не помал од 600 денари.
· Да нема постоење на долг по различни основи во вкупен износ од над 10.000,00 денари (неплатени даноци, долг за испорачани добра и услуги и друго) во согласност со извештај од Македонско Кредитно Биро. |
Износ
|
· До износот на фактурата.
· Од 12.000 денари до 180.000 денари. |
Намена на кредитот |
· За плаќање производи и услуги по фактури. |
Валута |
· МКД. |
Начин на отплата |
· Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на први секој месец.
· Кредитот се става во отплата на први наредниот месец од денот на исплатата. |
Рок на отплата |
· Од 12 до 36 месеци. |
Каматна стапка |
· 9,50% годишна променлива каматна стапка (Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 процентни поени).
· За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот. |
Казнена каматна стапка |
· 9,5% годишна прилагодлива каматна стапка (законска казнена), за достасани, а неподмирени обврски. |
Метод и период на пресметка на камата |
· Пресметката на камата се врши месечно по пропорционална метода. |
Провизии
|
· БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање.
· При исплата на кредитот - 900 денари еднократно.
· За администрирање на кредитот 0,2% провизија на остатокот од долгот, годишно, однапред на главниот долг на кредитот, максимум 5.000 денари.
· БЕЗ ПРОВИЗИЈА за предвремена делумна отплата.
· БЕЗ ПРОВИЗИЈА за предвремена целосна отплата. |
Трошоци |
· Трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот).
· Трошоци за меница.
· Нотарски трошоци во согласност со нотарската тарифа за кредити над 400.000 денари за приматели на плата, односно над 300.000 денари за неприматели на плата. |
СВТ |
· Преглед на СВТ |
Обезбедување
|
· БЕЗ жиранти.
· Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие ја издава).
· Меница со менична изјава потпишана од кредитобарателот.
Меница во форма на нотарски акт
За секоја поединечна кредитна изложеност на Банката кон физичко лице по основ на потрошувачки кредит во износ над 400.000 денари која е обезбедена со меница, меницата мора да биде во форма на нотарски акт со извршни клаузули. |
Потребни документи |
При аплицирање се доставува:
· Апликација за потрошувачки кредит.
· Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот.
· Потврда за просечна плата во последните 3 месеци или последен чек од пензија за пензионери.
· Профактура издадена од продавачот.
- за вработени во приватни фирми образец ПП53 (декларација од УЈП) за последните 3 месеци.
Доколку кредитот е одобрен, при потпишување на договорот и подигнување на производот се доставува:
· Меница и менична изјава.
· Налог за уплатени административни трошоци.
· Фактура издадена од продавачот. |
Исплата |
· Исплата на средства на трансакциска сметка на клиентот директно на сметка на кредитниот соработник. |