македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Премиум СМАРТ пакет за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 30.9.2020 година 

 

РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за кредитни производи коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни фиксни каматни стапки во првиот период од отплатата од 4,85% во првите 2 години за СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит; 3,45% во првите 10 години за СУПЕР станбен кредит односно 4,70% во првите 3 години за хипотекарен кредит.

 

Кредитите со РИЗИКО кредитното животно осигурување се во понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2020 година, како и други поволности во редовната понуда на овие производи како што се фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.

 

ТТК Банка АД Скопје е лиценциран застапник за продавање полиси за животно осигурување од „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. Полисата ја издава осигурителната компанија „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Со РИЗИКО животното осигурување се добива кредитна заштита којашто значи дека, во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице, семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот.

Полисата за РИЗИКО животно осигурување е дел од кредитната пакет понуда на ТТК Банка АД Скопје односно корисниците можат да аплицираат за кредитните производи со ризико животно осигурување и тоа:

Полисата за РИЗИКО животно осигурување овозможува осигурително покритие за подмирување на преостанатиот кредитен долг во случај на несакан настан, смрт како последица од болест или несреќен случаj, во согласност со Општите услови за Осигурување на живот во случај на смрт на корисници на кредит на „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје.

Корисникот ја плаќа полисата за РИЗИКО животното осигурување еднократно од самиот кредит со што се остварува и дополнителен попуст на премијата на РИЗИКО животното осигурување.

Осигурувањето на живот може да се склучи за случај на смрт, со или без лекарски преглед.

Со осигурувањето на живот можат да се осигураaт здрави лица и тоа од наполнети 18 до наполнети 65 години старост. Осигурувањето во секој случај завршува во календарската година кога осигуреникот (односно постариот од осигурениците кај заемното осигурување) ќе наполни 75 години.

Посетете ја најблиската експозитура или филијала на ТТК Банка АД Скопје или јавете се на телефоните на деловната мрежа достапни на интернет-страницата на Банката и информирајте се за износот на премијата за полиса за РИЗИКО животното осигурување,  којашто зависи од возраста и здравствената состојба на осигуреникот (се одредува во согласност со одговорите во здравствениот прашалник за кредитното осигурување), износот на кредитот и рокот на отплата на кредитот.

„Триглав Осигурување Живот“ АД, Скопје е дел од Групацијата „Триглав“, една од водечките осигурително - финансиски институции во Југоисточна Европа.  Препознатлива е кај своите клиенти по својата стабилност, знаење, висок квалитет на производи и услуги и доверливост. Групацијата „Триглав“ се залага за градење сигурна иднина, а нејзините вредности, како агилност, доверливост и едноставност служат само како потврда на внимателно одбраните принципи на работа.

Имајќи го клиентот во својот фокус, ТТК Банка АД Скопје постојано ја развива својата експертиза во креирањето производи коишто директно комуницираат со потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.

* објавено на 3.9.2020 година


 

Поволно штедење во ТТК Банка АД Скопје со промотивните депозити за физички лица - ПРОМО ФИКС во денари и во евра
Известување за шалтер Тетово Палма мол
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво
Можност за купување македонски акции без трошоци преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорски ден“ на 18 септември
Интервју со Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка д-р Драгољуб Арсовски за „Фактор“: Кризата се ширеше побрзо и од вирусот, ТТК Банка одговори силно на предизвиците
ТТК Банка АД Скопје со понуда за ново одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица
Јавна понуда број 02-5740/2 од 4.9.2020 година за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица
Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 31.7.2020 година
Без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување до 30.9.2020 година
Голем интерес за првата корпоративна обврзница со гарантиран принос на ТТК Банка АД Скопје
ТТК Банка АД Скопје со понуда за примателите на плата и пензија во Еуростандард Банка АД Скопје
Известување за промена на работното време на филијалите и експозитурите од 1.6.2020 година

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување