Партнер Програма на ТТК Банка - Попусти за сите корисници на картички!
Со големо задоволство Ви ја најавуваме Партнер Програмата, подготвена само за корисниците на дебитните и кредитните картички на ТТК Банка АД Скопје!
Користејќи ги картичките Visa Electron, Visa Classic, Visa Business, одсега можете поедноставно да ги остварите Вашите желби, да уживате при купувањето користејќи ексклузивни погодности и атрактивни попусти на производи и услуги на места кои ние ќе ги избереме за Вас следејќи ги вашите барања. Накратко, да добиете повеќе и да заштедите.
При користење на картичките, имате можност да учествувате и во наградните игри кои соработниците ќе ги подготвуваат специјално за Вас, корисници на ТТК Банка.