македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Премиум пакети за приматели на плата преку банката
Депозити
Електронски сервиси за информирање
Електронско банкарство
Мобилно банкарство
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

Промотивни девизни депозити во евра на 15 и 25 месеци

 

Искористете ја најновата промотивна понуда на девизни депозити за физички лица со атрактивни каматни стапки за штедење во евра на 15 и 25 месеци. ЕВРО ФИКС 15 депозитот ви нуди фиксна каматна стапка од 1,5% годишно, додека со ЕВРО 25 депозитот штедите на 25 месеци со годишна каматна стапка од 2,0% со можност за месечна исплата или припис на камата.

 

Корисници

· Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица;

· Полнолетно деловно способно лице лично;

· Полнолетно лице без деловна способност со законски застапник;

· Малолетно лице со родител, деловно способно лице, како законски застапник.

 

Валута

· ЕУР

 

Период на орочување

· 15 и 25 месеци

 

Каматна стапка

Девизен депозит во евра орочен на 15 месеци

1,5% годишна фиксна к.с.

Девизен депозит во евра орочен на 25 месеци

2,0% годишна прилагодлива к.с.

 

Пресметка на камата

· Пресметката на каматата на средствата се врши месечно по пропорционална метода со месечна исплата или припис. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог.

 

Други услови

Со штедната книшка може да располага:

· сопственикот или ополномоштено лице од страна на сопственикот;

· законскиот застапник за малолетно лице до негова 18-годишна возраст;

· законскиот застапник на лицето-сопственик.

 

Потребни документи

· Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за физички лица;

· Пасош за физички лица.

 

Друго

· Во штедната книшка се евидентираат сите промени што се вршат од страна на корисникот;

· Исполнетите или оштетените книшки се заменуваат со нови, додека за изгубените и уништените се отвораат книшки со нов број;

· За секој депозит се потпишува договор во кој се наведени условите за штедење и каматната стапка;

· Кај малолетни лица при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените;

· Со штедниот влог располага законски застапник до полнолетство на вложувачот со што автоматски му се пренесува правото за располагање со влогот;

· За малолетни лица над 14 години законскиот застапник може да потпише изјава за дозвола за располагање со штедниот влог, и тоа пред работникот во Банката;

· Само сопственикот, односно законскиот застапник може писмено да побара раскинување на договорот и затворање на штедниот влог, и тоа 7 дена порано;

· Сопственикот може да овласти и други лица за располагање со штедниот влог.

 

Тајност

· Податоците за депозитите се деловна тајна.

 

Сигурност

· Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обесштетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението.

 


 

Известување за неработен ден - 26 јуни 2017 година (понеделник)
СУПЕР Станбен кредит со СУПЕР фиксна каматна стапка од 2,85% во првите три години
СЕГА Е ЛЕСНО, со ненаменскиот потрошувачки хипотекарен кредит со фиксна каматна стапка од 4,90% во првите три години
Нови атрактивни услови за ненаменските потрошувачки кредити во ТТК Банка
Интервју со проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот Одбор на ТТК Банка во месечниот бизнис магазин "Економија и бизнис"

 

 

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување