македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити со ризико животно осигурување за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Кредити

СУПЕР Станбен кредит со фиксна каматна стапка во првите пет години

Време е за нов стан! Сега поблиску од кога било до нов стан или куќа. Не пропуштајте ја можноста која Ви ја нуди СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје.

Дојдете и аплицирајте!

·          НИСКА ФИКСНА каматна стапка за првите пет години

·          БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање

·          БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата со сопствени средства

·      БЕЗ ТРОШОЦИ за процена

·          ГРЕЈС-ПЕРИОД до 12 месеци

·         СОПСТВЕНО УЧЕСТВО од 10%

 

 

 

Корисници

  • Државјани на Република Северна Македонија,  деловно способни лица над 18 години, кои имаат засновано редовен работен однос на неопределено време и работен однос на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во јавна администрација и бонитетни претпријатија и институции прифатливи за Банката.
  • Физички лица кои примаат/не примаат плата/пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка.

Критериуми

  • Физички лица кои се кредитоспособни и кои  на крајниот датум на отплата на кредитот нема да бидат постари од 70 години.
  • Минимален износ на месечни примања: 9.000 денари (вработени), 8.500 денари (пензионери).
  • Месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот може да се вклучат кредитоспособни ко-кредитобаратели за кои важат истите услови како за кредитобарателот.

Износ и Учество

  • Од 5.000 евра до 300.000 евра во денарска противвредност (во зависност од кредитоспособноста).
  • Oд 5.000 евра до 25.000 евра во денарска противвредност за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор.
  • 10% сопствено учество (% од вредноста на станот/куќата што се купува, гради, доградува, надградува).
  • Се земаат предвид  и претходно извршени уплати реализирани пред аплицирањето. Корисникот треба да обезбеди доказ за извршена уплата.

Намена на кредитот

  • За купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице.
  • За изградба, доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа).
  • За реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор.
  • За купување земјиште за градба со приложена маркица за градба.
  • За купување, како и градба/доградба/надградба на деловен простор.
  • За купување превземени средства на Банката.
  • За рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

Валута

  • МКД со девизна клаузула (денарска противвредност на EUR според средниот курс на курсната листа на НБРМ кој важи на денот на исплатата на кредитот).

Начин на отплата

  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на -1ви наредниот месец од денот на исплатата.

Рок на отплата

  • Од 60 месеци до 300 месеци (до 180 месеци за деловен простор и земјиште во градба) со вклучен грејс-период до 12 месеци.
  • Oд 60 месеци до 120 месеци за реновирање, адаптација, реконструкција на станбен простор, без грејс-период.

Каматна стапка

 

Приматели на плата/пензија (од ПИОМ) во ТТК Банка 
(I категорија)

Неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) во ТТК Банка
 (II категорија)

2,85% годишна фиксна каматна стапка за првите три години, 3,85% годишна фиксна каматна стапка за четвртата и петтата година,

6 месечен ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени, но не пониска од 5,85% годишна променлива каматна стапка по истекот на првите пет години

4,90% годишна фиксна каматна стапка за првите три години,

6 месечен ЕУРИБОР + 6,90 процентни поени но не пониска од 6,90% годишна променлива каматна стапка по истекот на првите три години

 

  • За периодот од искористување на кредитот до денот на ставање на кредитот во отплата Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористување на кредитот.

Казнена каматна стапка

  • 7,445годишна прилагодлива каматна стапка (законска казнена) за достасани, а неподмирени обврски.

Метод и период на пресметка на камата

  • Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционална метода.

Надоместоци

 

  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за обработка на барање за корисници приматели и неприматели на плата/пензија (од ПИОМ) во Банката.
  • Надоместок за одобрување на кредитот:
    • до 30.000 евра - 1,25% од износот, минимум 6.000 денари;
    • над 30.000 евра - 1% од износот.
  • За администрирање на кредитот 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот).
  • За предвремена делумна отплата 0% провизија од предвреме уплатениот износ.
  • За предвремена целосна отплата 0% провизија од износот на предвреме вратен главен долг (во случај кредитот да се рефинансира со кредит од друга банка - 5% на предвреме вратениот главен долг).

Трошоци

  • Tрошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот).
  • Tрошоци за процена на вредноста на недвижниот имот во согласност со тарифата на овластен проценител или од вработен проценител во Банката во согласност со Тарифата за надоместоци (без трошоци за процена на недвижен имот што служи како обезбедување на кредитот, до 31.12.2021 година). 
  • Нотарски трошоци за воспоставување и упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во согласност со нотарската тарифа.
  • Tрошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

СВТ

Преглед на СВТ

Обезбедување

 

  • Залог на недвижен имот (стан, куќа, деловен простор) со сооднос помеѓу вредноста на изложеноста и обезбедувањето (1:1 до 1:6 во зависност од атрактивноста на објектот).
  • Меница и менична изјава за кредитобарателот и ко-кредитобарателот.
  • Административна забрана на плата од фирмата во која работи кредитобарателот,ко-кредитобарателот/ите и согласност за активирање (доколку акционерското друштво/буџетската државна институција/јавното претпријатие ја издава).       

Документи за наплата

  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот за примател на плата/пензија (од ПИОМ) преку Банката.

Исплата

  • Исплата на средства по купопродажен договор на трансакциска сметка на продавачот.

 

Пример

Вид на кредитот

СУПЕР Станбен кредит, денарски со девизна клаузула, за приматели на плата/пензија преку ТТК Банка

Износ

40.000 евра.

Рок на отплата

300 месеци.

Износ на ануитет

186,58 евра во првите три години, 205,54 евра во 4-та и 5-та година. 243,24 евра по првите пет години.

Начин на отплата

Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.

Каматна стапка

2,85% годишна фиксна к.с. во првите три години од отплатата.

3,85% годишна фиксна к.с. за четвртата и петтата година; 5,85% годишна променлива к.с. по првите пет години.

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

5,17%.

Надомест за одобрување на кредитот

400 евра.

Надомест за администрирање на кредитот

1.229,44 евра (0,2% на остатокот од долгот годишно,

однапред на главниот долг на кредитот).

Трошок за меница

500 денари.

Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати:

Трошок за процена на вредноста на недвижниот имот

Во согласност со Тарифата за надоместоци на услуги (без трошоци за процена на недвижен имот до 31.12.2021 година).

Нотарска награда за солемнизација на договорот за залог

Во согласност со нотарската тарифа.

Трошок за упис на заложно право врз недвижниот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга

Не е познат.

Трошок за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици

Во согласност со тарифата на осигурителната компанија.

Датум на пример

14.12.2020 година.

 

 

Потребни документи за станбен кредит

  • Апликација за кредит.
  • Фотокопија од важечка лична карта или пасош за кредитобарателот и кокредитобарателите.
  • Фотокопија од последна платена сметка за комуналии, на пр. струја, телефон или вода за кредитобарателот и кокредитобарателите.
  • За пензионерите - последен чек од пензија (од ПИОМ).
  • Потврда за редовен работен однос, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци (за кредитобарателот и кокредитобарателите).
  • Преддоговор за обезбеден станбен простор заверен на нотар.
  • Имотен лист за објектот што се става под хипотека (за сите намени) со нов датум-лист за предбележба за градежни компании клиенти /соработници на Банката и по дополнителна оцена на Банката.
  • За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост.
  • Доказ дека имотот не е под хипотека (Потврда од интабулационите книги издадена од Агенција за катастар на РМ) со нов датум.
  • Процена од овластен проценител на пазарната вредност на имотот кој се заложува за секоја година.
  • Полиса за осигурување на имотот под хипотека во висина која не треба да е пониска од изложеноста, со винкулација во корист на ТТК Банка, обновувана, годишно за целото времетраење на отплатата на кредитот.
  • Извод од матична книга на родени/венчани за да се докаже сопственоста на имотот (за да се обезбеди и согласност на брачниот другар на заложниот должник, доколку се работи за имот стекнат во брак)/Извод од тековна состојба – потврда дека не е отворена стечајна постапка/ликвидација.

Наведената документација е потребна за воспоставување на хипотеката без оглед за која намена истиот се пласира.

 

За купување

За сите видови градба 

- Преддоговор/договор за купопродажба на стан/куќа/заверен на нотар.

- Имотен лист/лист за предбележба и по потреба други документи кои се доставуваат на барање на Банката (решение за локација, графички приказ за локацијата, проект за изградба со предмер и пресметка со актуелни цени на пазарот заверен во проектантско биро и соодветната општина, дозвола за градба и потврда за платени комуналии).

   

Лице за контакт:

 

Бојан Штерјовски

Раководител на Оддел за работа со население

Дирекција за деловна мрежа

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 480

e-пошта: bojan.sterjovski@ttk.com.mk

 

* Последна промена направена на интернет-страницата 1.3.2021 година.


 

Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5-ти април 2021 година
Известување за измени во тарифата за надоместоци на услугите за дебитни и за кредитни VISA картички
Реализирани едукативни работилници по повод „Глобалната недела на парите“ (Global Money Week)
Известување за предвремена исплата на пензиите од 29-ти март 2021 година
ПОВИК до клиентите - правни лица да извршат упис во Регистарот за вистински сопственици најдоцна до 27.4.2021 година
Кредити со РИЗИКО кредитно животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален надоместок за одобрување до 30.4.2021 година)
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ во врска со XXXVI-тото Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти март 2021 година
Известување за упис на клиентите – правни лица во регистарот на вистински сопственици најдоцна до 27 април 2021 година
TTK Банка АД Скопје ја исплати каматата за првата година на сопствениците на корпоративни обврзници - втора емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративни обврзници од втората емисија по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво

Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување